Стефани Џоан Анџелина Германота (анг. Stefani Joanne Angelina Germanotta; родена 28 март, 1986), позната по нејзиното сценско име Лејди Гага ( анг. Lady Gaga) американски поп пејач-текстописец. Таа започнала да изведува на музичката рок сцена во Њујорк во Lower East Side. Наскоро таа потпишува договор со Streamline Records, отисок на Interscope Records , веднаш по нивното формирање во 2007. За време на нејзиниот престој во Interscope, таа работела како текстописец за неколку познати артисти и го привлекла вниманието на Акон, кој ги препознал нејзините вокални способности и ѝ помогнал да се пријави за неговата издавачка куќа, Kon Live Distribution.

Нејзиниот деби албум,''The Fame'' (Славата), беше издаден на 19 август, 2008 година. Освен тоа што доби во главно добри критики, албумот се најде на првото место на топ листите во Канада, Австралија, Германија и Ирска, а исто така го освои и првото место на Billboard за најдобар електронски албум. Првите два сингла од албумот, ''Just Dance'' (Само танцувај) и „Poker Face“ (Покерско лице), напишани и продуцирани од страна на Лејди Гага заедно со RedOne, станаа меѓународни топ хитови, стигнувајќи на првото место на Hot 100 во Соединетите Американски Држави, но исто така и во други земји. Албумот подоцна ги освои сите можни шест Греми Награди, и доби награда за Најдобар Електорнски/Денс Албум и Најдобар Денс Албум. Во почетокот на 2009 година, откако настапи на турнеите на New Kids On The Block и Pussycat Dolls, Лејди Гага започна сопствена турнеја насловена како The Fame Ball Tour (Турнеја Бал на Славата). До четвртата четрвртина од 2009, таа го објави и својот втор студио албум насловен како The Fame Monster (Славата чудовиште), со број еден водечкиот хит во светот „Bad Romance“ (Лоша романса), и со исто така започнување на втората турнеја, The Monster Ball Tour (Турнеја Бал на Чудовишта).

Лејди Гага е инспирирана од глам-рок музичарите какви што се David Bowie и Freddie Mercury, но исто така и од поп музичарите какви што се Madonna и Michael Jackson. Таа исто така изјави дека модата е извор на инспирација за нејзиното пишување на песни и нејзините изведби. До денеска, таа има продадено над осум милиони албуми и над триесет и пет милиони синглови ширум светот.
Стефани Германота е родена на 28 март, 1986 година, како прво дете на италијанските родители кои се преселиле во Америка, Џозеф и Синтија Германота (моминско Бисет), во Њујорк. Свирејќи пијано по слух уште од четири години, таа продолжува со тоа што ја напишува својата прва пијано балада на тринаесет и започнува да изведува на отворените вечери на четиринаесет годиншна возраст. На единаесет години, пеачката требало да се придружи на училиштето „Џулијард“ во Менхетен, но наместо тоа таа се придружила во „Манастирот на Светото Срце“, приватно римо-католичко училиште.

Таа се опишува себеси во средно училиште како „многу посветена, многу трудољубива, многу дисциплинирана“ но исто така „малку несигурна“ како што кажа во едно интервју: „Имав обичај да правам забавни работи со тоа што бев или премногу провокативна или премногу ексцентрична, па почнав да го потиснувам тоа. Не се вклопував во средината и се чувствував како наказа.“ На седумнаесет години, Германота добива ран прием на Универзитетот во Њујорк во одделот за уметности. Таму, таа ја изучувала музиката и ги развивала своите вештини во пишувањето текстови со композирање на есеи и аналитички текстови, фокусирајќи се на теми како што е уметноста, религијата, социјалните проблеи и политиката. Подоцна таа се повлекува од училиштето за да и се посвети на нејзината музичка кариера.
Германота во почетокот потпишала договор со Def Jam Recordings на деветнаесет годишна возраст, кога директорот на Island Def Jam Music Group и L. A. Reid ја слушнал како пее во ходникот пред неговата канцеларија. По три месеци, таа излегла од Def Jam, иако во исто време, нејзината поранешна менаџмент компанија ја запознала со текстописецот и продуцентот RedOne, на кои исто така му биле менаџери. Првата песна која таа ја продуцираше со RedOne беше „Boys Boys Boys“ (Момчиња момчиња момчиња), мешавина инспирирана од песната „Girls, Girls, Girls“ (Девојки, девојки, девојки) на Mötley Crüe и „T.N.T.“ (Т.Н.Т) на AC/DC. Таа се иселила од куќата на своите родители и започнала да изведува во центарот на клуб сцената на Lower East Side, со бендовите Mackin Pulsifer и SGBand. Наскоро таа почнува да изведува на булрескни шоуа.

Таа вели дека тоа нејзиниот татко „едноставно не го разбирал“, и дека не можел да ја погледна неколку месеци. Музичкиот продуцент Rob Fusari, кој и помогнал да напише неколку од нејзините рани песни, го споредил нејзиниот вокален стил со оној на Freddie Mercury. Fusari и помогнал да го создава псевдонимот Гага, по песната на Queen, „Radio Ga Ga“ (Радио Га Га). Пеачката била во процес на барање на сценско име, кога добила SMS порака од Fusari на која едноставно пишувало „Lady Gaga“. „Секој ден кога Стеф доаѓаше во студиото, наместо да рече ‘здраво’, таа почнуваше да ја пее ‘Radio Ga Ga’. Тоа беше нејзината песна за влегување. Lady Gaga всушност беше грешка; јас напишав ‘Radio Ga Ga’ во пораката и отидов на автокорекција и некако Radio се смени во Lady. Таа ми пиша назад, ‘Тоа е тоа’. Од тој ден, таа беше Лејди Гага. Ни кажа: ‘Немој никогаш повеќе да ме викате Стефани’.“ - Rob Fusari.
Од тогаш таа е позната како Лејди Гага. Низ 2007 година, таа соработувала со изведувач артистот Lady Starlight, која и помогнала да ги создаде своите костуми за на сцената. Тие две започнале да свираат на свирки во клубови во центарот како што се Mercury Lounge, The Bitter End и Rockwood Music Hall, со изведување во живо на нивното уметничко парче познато како Lady Gaga and Starlight Revue (Ревијата на Лејди Гага и Старлајт). Оценета како „Врвно Поп Бурлескно Рок-шоу“, нивниот акт беше лоу-фи признавање на мноштвото акти од седумдесетите. Во август 2007 година, таа и Lady Starlight биле поканети да играат на американскиот музички фестивал Lollapalooza. Шоуто беше критички потврдено, и нивниот настап доби високи позитивни критики. Иако во почетокот се фукусираше на авангардата и електонската денс музика, Лејди Гага го најде своето музичко ниче кога почна да работи со поп мелодии и глам-рокот на David Bowie и Queen во микс. За тоа време таа била придружник во неколку песни во две аудио книги и беше спремна да оди со детската книга „The Portal in the Park“ (Преминот во паркот) од Cricket Casey. Таа пееше заедно со Melle Mel на песните „World Family Tree“ (Светско семејно дрво) и „The Fountain Of Truth“ (Фонтаната на вистината). Rob Fusari испратил песни кој тој ги продуцирал со неа на неговиот пријател, продуцент и извршен симател, Vincent Herbert.

Herbert бил брз и ја пријавил во Streamline Records, отисок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. Таа го назначи Herbert како човекот кој ја открил, додека додава дека „Навистина се чувствувам како да создадовме поп историја и ќе продолжиме со тоа“. Бидејќи веќе имала одредено искуство во пишување под стаж на Famous Music Publishing, што подоцна беше стекнато од страна на Sony/ATV Music Publishing, со таа потоа потпиша договор за издавање музика со Sony/ATV. Како резултат на тоа, таа беше најмена да пишува песни за Britney Spears, како и за артистите на Interscope какви што се New Kids On The Block, Fergie и Pussycat Dolls. Додека таа пишувала во Interscope, пеачот и текстописец Akon ги препознал нејзините вокални способности додека таа пеела вокална референца за една од неговите песни во студиото. Тогаш тој гo убедил директорот на Interscope-Geffen-A&M и директорот на СЕО Jimmy Iovine да формираат споен договор и да и дадат неа исто така што се пријави под неговата ознака, Kon Live Distribution, и подоцна ќе ја нарече неа негов „франшиза играч“. Таа ја продолжи својата соработка со RedOne со тоа што работеше со него во студиото цела недела на нејзиниот деби албум, пуштајќи ги деби меѓународните хит синглови „Just Dance “ (Само танцувај) и „Poker Face “ (Покерско лице). Таа исто така се придружи и на Cherrytree Records, отисок на Interscope основан од продуцентот и текстописец Martin Kierszenbaum, откако напишала четири песни со Kierszenbaum, вклучувајќи го и сигнлот Eh, Eh (Nothing Else I Can Say) (Е, Е (Ништо друго не можам да кажам)).