Friday, December 16, 2011

Шакира

Шакира Изабел Мебарак Рипол родена на 2 Февруари 1977 позната како Шакира е колумбиска пејачка, текстописец, музичарка и танчерка која направи вистински пресврт на музичката сцена во Латинска Америка во раните 1990-ти. Таа е родена и порасната воБаранкила, Колумбија. Шакира уште како мала се занимавала со живо пеење на рокенрол , латинска и либанска музика, а истотака и уште од мала се бавела со стомачен танц. Мајчин јазик на Шакира е шпанскиот, но истотака таа целосно ги зборува англискиот, португалскиот и италијанскиот.
После серија од комерцијални неуспеси со локалните продуценти на нејзините први два албума и нејзината мала познатост надвор од Колумбија, Шакира одлучува да направи нејзин нов бренд на музика: во 1995 таа го реализира ''Pies Descalzos'', којшто и носи голема слава во Латинска Америка и Шпанија. и ја обележува Шакира како музички феномен. Но во 1998- тите ''Donde Estan Los Ladrones'' станува најважниот албум на пејачката кој добил најмногу позитивни критики од познати издавачи како Rollin Stone, All Music Guide и Billboard. Од тогаш понатаму таа добива голем број фанови во земјите каде што шпанскиот не е официјален јазик, а посебно во Соединетите Американски Држави. Во 2001 таа прави промоција на нејзиното музичко видео за песната''Whenever, Wherever'' и сто тоа го пробива мразот во Англо-светот со реализацијата на нејзиниот прв албум на англиски наречен ''Laundry Service'' кој се продаде во повеќе од 12 милиони копии на светско ниво. Четири години подоцна Шакира реализира два албума наречени ''Fijacion Oral Vol.1''  and ''Oral Fixation Vol. 2 ''. И двата го потврдуваат нејзиниот успех, а за тоа „зборува“ и нејзиниот хит којшто воедно и е најголемиот хит на 21 век ''Hips Don't Lie. Шакира работи на последните подготовки за нејзиниот најнов проект насловен како ''She Wolf'' кој ќе биде реализиран во Октомври 2009 година.
Таа има добиено две Греми награди, седум Латински Греми награди, а истотака е номинирана и за Golden Globe. Истотака таа е и најпродаваниот колумбиски артист на сите времиња, и втор по ред најпродаван женски латински изведувач со околу 50 милиони копии продадени на светско ниво според БМИ. Освен тоа таа е и единствениот изведувач од Јужна Америка што го достигнала врвот во Северно Американските Billboard Hot 100, Canadian Hot 100 Австралиската Aria и UK Singles Chart.

Шакира ја напишано својата прва поема , насловена ''La Rosa De Cristal'' (Кристална роза) кога имала само 4 години. Како што растела таа била фасцинирана додека го гледала татко и како пишувал приказни на машината за пишување и побарала една таква за Божиќ. Нејзината желба се исполнила кога таа имала 7 години и продолжила со пишувањето поезија. Тие поеми случајно станале песни. Кога имала само 8 години, после смртта на нејзиниот постар полубрат во несреќа со мотор, Шакира ја напишала нејзината прва песна „Tus Gafas Oscuras“ (Твојте црни очила). Инспирацијата за песната и дал нејзиниот татко, кој после несреќата неколку години носел темни очила, за да го сокрие неговиот бол.


Кога Шакира имала само 4 години, татко и ја однел во локалниот арапски ресторан, каде што Шакира за прв пат слушнала думбек, традиционален тапан употребувван во Арапската музика и притоа е придружуван со стомачен танц. Пред да знае за него Шакира танцувала на масата, а вработените во ресторанот и аплаудирале. Во тој момент Шакира за прв пат рекла дека сака да биде изведувач. Таа уживала пеејќи за своите соученици и професори во нејзиното Католичко училиште, но во второ одделение таа била одбиена за учество во школскиот хор, затоа што нејзиното вибрато било пресилно.Нејзиниот учител по музичко и рекол дека звучи како „овца“.На училиште била позната како „стомачната танчерка“, затоа што секој петок им ги покажувала нејзините вештини на соучениците. „Така ја открив мојата страст за живи изведби“ таа зборува. Кога имала осум години, нејзиниот татко банкротирал. Додека се санирале детаљите, таа престојувала кај своите роднини во Лос Анџелес.  На враќање во Баранкила, таа била шокирана кога и кажале дека повеќе од тоа што го поседувале нејзините родители е продадено, како и подоцна што изјавила „Во мојата детска глава, тоа беше крајот на светот“. За да и покаже дека работите можат да бидат полоши татко и ја одвел во локалниот парк за да види како сирачињата „дуваат“ лепило. Сликите кои ги видела тогаш и останале во глава до ден денес и си рекла самата на себе дека „еден ден кога ќе станам познат артист ќе им помогнам на тие деца“.

Помеѓу десет и тринаесет години Шакира била поканета на повеќе настани во Баранкила и добила некаква репутација во таа околина.Тоа било во време кога Шакира го запознала локалниот театарски продуцент Моника Ариза, која била импресирана од неа и сакала да и помогне за да развие кариера. Додека била во лет од Баранкила до Богота, Ариза го убедила извршниот директорот на Sony Colombia Сиро Варгас да одржи аудиција за Шакира во хотелското лоби. Кога Варгас ја видел Шакира знаел дека во неа има нешто посебно. Кога се вратил во Sony Colombia му ја дал снимката на Шакира на директорот. Сепак директорот не бил нешто посебно задоволен од Шакира и рекол за неа дека е „изгубен случај“. Но Варгас знаел дека Шакира е посебна и има талент и затоа и закажал аудиција во Богота. Тој направил аранжман за извршните директори на Sony Colombia да дојдат на аудицијата со цел Шакира да биде изненадување за нив. Таа извела три песни пред нив и тие била презадоволни од неа и направиле договор Шакира да сними три албуми за нивната фирма. Првиот албум на Шакира ''Magia'' е снимен со Sony Music во 1990 кога таа има само тринаесет години. Песните се колекции зачувани од кога таа имала осум години, миксани поп-рок балади и диско со електронско придружување, но истотака во нив и има и продукциска и снимачка обработка. Албумот е реализиран во 1991 и во него е вклучен синглот ''Magia'' и уште три други реализирани синглови. Иако добро котира на Колумбиското радио и и дава на младата Шакира повеќе слава, комерцијално албумот слабо се пробуива, бидејќи само 1,200 копии од албумот биле продадени.Музичкото видео за песната ''Magia'' е и првото национално поп видео во Колумбија. После слабата популарност за албумот, продукциската куќа на Шакира брзо ја враќа назад во студиото со цел да сними популарни песни од оние на албумот.
Иако малку знаена надвор од нејзината родена Колумбија, Шакира била поканета да пее на Vina Del Mar International Song Festival-фестивал во Чиле во февруари 1993. Фестивалот им дава можност на младите Латино-американски изведувачи да се претстават со свои песни, а победникот го одбира жирито. Шакира се претставува со песната ''Eres'' („Ти си“) и заврши на третото место. Во жирито на фестивалот учествува и тогашниот 20-годишник Рики Мартин кој гласа за Шакира.
Шакира ја има снимено песната Donde Estas Corazon (подоцна реализирана на нејзиниот албум Pies Descalzos) специјално за компилацијата „Nuestro Rock“ во 1995 која била реализирана само во Колумбија. Donde Estas Corazon бил единствен хит од албумот, а тоа им овозможи на Sony да и дадат шанса на Шакира за трет албум. Шакира му се вратила на снимањето во 1995 со Луис Ф. Очоа, употребувајќи музички стилови од повеќе земји и со тоа дошло до создавањето на нејзиниот трет албум Pies Descalzos (македонски: Голи нозе). Снимаерто на албумот започнало во февруари 1995, после успехот на нејзиниот сингл 
Donde Estas Corazon. . Сони и дал на Шакира 100, 000 долари за продукција на албумот бидејќи тие помислиле дека албумот нема да се продаде во повеќе од 100, 000 копии. Албумот бил презентиран на мала публика во Кастиланскиот театар во Богота на 6 октомври 1995. Мелодиите на албумот се брзи, изненадувачки и полни со ритам и му носат нешто на латинскиот свет, нешто што дотогаш било нечуено таму. На 13 февруари 1996 албумот бил реализиран интернационално. Во март 1996 Шакира ја прави и нејзината прва турнеја насловена едноставно „Tour Pies Descalzos“ кој наслов бил посветен на смртта на неколку фанови како резултат на големиот неконтролиран метеж од 50 000 луѓе на нејзиниот концерт во родниот град Баранкила. Година подоцна Шакира добива три награди за овој албум.
Pies Descalzos има продадено повеќе од 5 милиони копии,а брзо после неговото издавање бил издаден и ремикс албумот насловен едноставно The Remixes (Ремиксите). The Remixes исто така вклучува и португалски верзии на некои од нејзините добро познати песни кои биле снимени како резултат на успехот на албумот на бразилскиот маркет.










No comments:

Post a Comment